Сите сме биле таму – еден ден се прашуваме како толку многу сме се запуштиле, и почнуваме нов режим на исхрана, се зачленуваме во теретана и решително започнуваме да го гориме вишокот на калории.

Меѓутоа, да се прејде од положба на човек кој никогаш не дигнал тег или не истрчал километар на кеј до човек кој редовно вежба е прилично тешко да се стори. Рутината и техниките се нешта што се учат со текот на времето, но прво нешто што е потребно е да се изгради истрајноста во тоа вежбањето да се одржи како редовна навика.

Поради тоа, во овој напис нудиме повеќе Јутјуб канали кои ќе ви помогнат да јадете поздраво, да вежбате правилно, и да развиете начин на размислување кој ќе ви помогне во остварувањето на вашите фитнес цели.

Bodybuilding.com

Можеби најкомплетниот фитнес канал на Јутјуб. Видеата се протегаат низ повеќе различни теми. На пример, во едно видео можете да научите како правилно да правите „чучњеви“, а во друго видео да научите како да правите „Сникерс протеински шејк“. Каналот е воден од искусни професионалци. Ако сте сериозни во менувањето на исхраната и на режимот на вежбање, тогаш овде ќе пронајдете богатство од вредни информации.

Elliot Hulse

Не постојат многу фитнес канали кои можат да ве мотивираат така како што може да ве мотивира овој тип. Иако зборува за многу различни теми покрај фитнес, сепак неговите совети се корисни и вреди да се следат.

Fit Men Cook

Насловот кажува се, овој канал ќе ве научи како да готвите здраво, и како да купувате намирници кои ќе ви помогнат да бидете (по)фит. Ќе научите да правите здрави шејкови, како да готвите кето, бургери со низок број на јаглехидрати и многу други оброци.

Мој Тренер

Во фитнес ресурсите кои ни стојат на располагање постојат и локални кои што можат да ни понудат многу вредни совети. Иако не се работи за Јутјуб канал, Мој Тренер нудат совети за правилна исхрана и вежбање кои веднаш можете да ги примените.

Претходна статијаTesla претстави даска за сурфање од 1.500 долари и веќе се распродаде
Следна статијаТемната тема на YouTube почнува да станува достапна на Android