Професорот Џон Смит од Универзитетот во Портсмут, заедно со негови колеги од Украина, ја претставија првата вотка направена во се’ уште забранетиот дел околу Чернобил. Овој пијалак е карактеристичен за оваа земја и тој регион, а порано луѓето ја произведувале вотката, може да се каже нешто слично како што кај нас традиционално се прави ракија.

Името на вотката е ATOMIK и ќе биде продавана преку посебно направена компанија за таа намена наречена „The Chernobyl Spirit Company“. Профитот којшто ќе биде направен од продажбата на ATOMIK, поточно 75% од него, се планира да се искористи за помош на луѓето кои живеат во овие предели.

Тоа што сигурно сите веднаш ќе се прашаат е како може да биде направена вотка и истата да се продава од регионот околу Чернобил којшто се’ уште е забранет за одгледување на култури.

Според објаснувањето од професорот Смит, јас не можам да тврдам дека се разбирам во оваа област, иако одредена радиоактивност била пронајдена во културите кои се користеле за правењето на вотката, процесот на дестилација ги прочистува сите „нечистотии“ по што ништо штетно и непотребно не било останато.

Водата која се користела исто така е од околината, но се истакнува дека не била пронајдена недозволена радиоактивност, односно се тврди дека вотката е целосно безбедна за пиење.

Оваа вотка не се споредува со светски познатите вотки и се истакнува дека се работи за домашно направена вотка, но со висок квалитет.

Професорот Смит истакнува дека „Мислам дека ова е најважното шише со алкохол во светот затоа што може да им помогне за економско заздравување на заедниците кои живеат внатре и околу напуштените зони. Повеќе илјадници луѓе уште живеат во „Zone of Obligatory Resettlement“ каде нови инвестиции и користењето на земјоделско земјиште е уште забрането“.

ИЗВОРUnivercity of Portsmouth
ИЗВОР 2Geek
Претходна статијаSamsung Galaxy Book S работи со Qualcomm процесор, Windows 10 и има батерија која може да издржи до 23 часа на користење
Следна статијаHuawei го претстави својот HarmonyOS оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.