Фото: Wikipedia

Еден од аспектите на кои во Apple му се придава огромно значење е секако дизајнот и естетиката. Нивните уреди се познати по практичниот дизајн и убавиот изглед кој буквално ги продава. Меѓутоа, тоа не е случај со новиот објект во кој е сместена компанијата.

Објектот со футуристички дизајн е речиси целиот обвиен со стакло. Дополнително внатрешните простории се одвоени една од друга со уште повеќе стакло. Па, се случува, при одредена светлина истите да не бидат потполно видливи. Резултатот од поставување таков вид „стапици“ во прометни канцеларии, е лесно да се предвиди. Можете да претпоставите какво богатство од видеа кријат безбедносните камери во објектот.

Зданието во Купертино, Калифорнија е едно од најсофистицираните за оваа намена. Проектот чинеше 5 милијарди долари и беше граден во период од 4 години. Мегапроектот кој „вдомува“ 12.000 вработени е вистинско ремек дело на архитектурата и градежништвото. 71 хектар површина е уреден на начин канцеларискиот простор и опкружувањето да создава симбиоза со природата.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Bloomberg Magazine
Претходна статијаЛицемерието на НСА нема дно
Следна статијаGoogle го отстрани копчето View Image во делот за пребарување на слики