TiVo
Media: TiVo

Компанијата TiVo, која стои зад истоимените дигитални видео рекордери (DVR), промовираше интересна функција во очи на големиот спортски сепктакл Super Bowl. Како што е познато нивните DVR уреди нудеа опција за „прескокнување“ на рекламите за време на спортски натпревари, филмови и серии. Меѓутоа, сега тие нудат нешто сосема обратно.

Новата алатка наречена GameSkip им овозможува на корисниците всушност да го прескокнат натпреварот и да ги одгледаат само ултра скапите реклами. За да ја искористат функцијата потребно е прво да го снимат целиот меч. Претходно ваквата функција беше дозволена за само одреден број телевизиски шоуа. Во конкретниот случај дозволено е само за финалниот натпревар помеѓу „Соколите“ и „Патриотите“.

Како што на запад целиот свет го движат различни корпорации и брендови, дојде време рекламите за истите да бидат поинтересни од спортот. Веќе се години наназад фудбалските утакмици и кошаркарските натпревари во САД изгледаат како платена пропагандна програма, повеќе одошто време на екраните добива самиот спорт. Меѓутоа, сé додека тоа им се исплати на корпорациите и „пали“ кај гледачите, никој нема право да им замери.

Големи се шансите дека се работи за некаков вид на експеримент. Веројатно е дека функцијата ќе биде укината наскоро. Можеби воопшто била воведена како пародија на прескапите реклами кои традиционално премиерно се прикажуваат на овој настан. За сериозноста на ваквиот потег доволно кажува и аматерското промотивно видео.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TiVo
Претходна статијаЦена, нови слики и позадината од Galaxy S9 моделите
Следна статијаРСБСП: Управување моторно возило под одвлечено внимание, ризик-фактор што ја загрозува безбедноста во патниот сообраќај