На YouTube се појави кратко видео на кое може да се забележи прототипот на влекачот наречен Tesla Semi. Еден од најамбициозните проекти на оваа компанија стигна до фазата да биде тестиран на комерцијални патишта.

Комплетно електрифицираниот камион именуван Semi е револуција во транспортот. Со едно полнење на батеријата, тој би можел да покрие дистанца од речиси 800 километри. Сето тоа би го извел во „полна опрема“ од 40 тони. Забрзувањето во вакви услови би се движело околу 20 секунди од 0 до 100 километри на час. Ваквите перформанси се должат на електричниот мотор и аеродинамичен дизајн на возилото.

Камионот беше претставен во ноември, а ова е прво негово појавување на комерцијален пат. Според авторите на видеото истото е снимено некаде во Санта Клара во Калифорнија. Најимпресивниот дел во врска со овој карго влекач е неговата цена. Проекциите беа дека тој ќе чини помеѓу 300 и 400 000 американски долари. Меѓутоа компанијата ги демантираше ваквите наводи и излезе со цена од 180 000. Цената е практично иста како и на било кој друг дизел камион.

Во Tesla работат на развивање на технологии со кои ќе се модернизира традиционалниот начин на управување. Наместо ретровизори, камионот ќе има ултра чувствителни камери кои ќе нудат детален преглед на опкружувањето. Semi ќе се појави на пазарот дури наредната година, а нарачките веќе се множат.

Извори: ARS Technica, Hype Beast

Претходна статијаНовите iPad-и ќе дојдат со Face ID и екран без рамка како кај iPnone X
Следна статијаНаучници работат на ласер што може да создаде црна дупка во лабораторија