станица
Фото: Beoing
станица
Фото: Beoing

Вселената се чини како особено поволно место за инвестирање и развој на бизниси од различен тип. Американската компанија Virgin беше првата која најави дека ќе ја експлоатира вселената како туристичка дестинација. Тие најавија кратки, комерцијални летови до т.н. „раб“ на вселената. На идејата се приклучија и низа други, меѓутоа никој се уште ја нема реализирано идејата.

станица
Фото: Engadget

Русите не би биле Руси, доколку не излезат со нешто уште поспектакуларно. Па така, руската Федерална вселенска агенција „Роскосмос“ излезе со предлог да направи луксузен хотел директно на Меѓународната вселенска станица.

Ваквата екскурзија ќе ги чини вселенски туристи извонредни 40 милиони долари, а престојот ќе биде ограничен на максимум 2 недели. За доплата од 20 милиони, евентуално ќе имаат шанса да излезат на „прошетка“ во придружба на космонаут. Хотелот би бил сместен во дополнителниот втор модул кој евентуално би бил конструиран. Компанијата која пројави желба да го реализира проектот е истата компанија која веќе работи на изградба на првиот модул. Се работи за концернот RKK Energia.

Дополнителниот „туристички“ модул би требало да биде опремен со 4 спални соби со зафатнина од 2 кубни метри. Предвидени се и медицински и хигиенски капацитети, како и т.н. lounge просторија со застаклен дел од 40-тина центиметри која овозможува поглед.

Извори: Engadget, PopularMechanics

Претходна статијаКаратистите од карате клубот Макпетрол меѓу најуспешните
Следна статијаПретставени нови правила за побезбедни лозинки