Фото: Knightscope
роботи
Фото: Knightscope

Во Америка роботите се повеќе се користат за одржување на редот и мирот. Автономни роботи способни да забележат натрапник се користат за обезбедување на простор. Спортски сали и стадиони, паркинзи и слични просторни објекти ги патролираат овие „чувари“.

Меѓутоа од неодамна овие роботи имаат нова мисија. Во Сан Франциско за прв пат им е доделена мисија да заведат ред на улица. Односно, присуството на роботот е со цел да се пречат бездомниците да подигаат шатори на тротоарот. По малку парадоксално е тоа што компанијата која го поставила роботот да се бори против бездомниците, е организација која се бори за правата на животните.


За таквиот потег организацијата San Francisco SPCA се соочува со можноста да биде казнета од страна на локалните власти. Глобата би им била изречена поради оперирање на јавен простор без дозвола. Меѓутоа од таму се бранат дека роботот К9 бил единствениот начин нивните вработени безбедно да го користат тротоарот.

Роботот К9 инаку е дел од „флотата“ роботи наменети за подобрување на безбедноста. Опремен со ласери, термални детектори, камери и сл. тој има за цел да открие потенцијален натрапник и да го извести човекот кој е одговорен за безбедноста.

Компанијата KnightScope која стои зад проектот, претстави вкупно 4 модели на роботи со различна намена. Инаку, конкретно К9, да се изнајмми, чини 7 долари на час. Тоа е далеку под просечните примања на чувар или обезбедување во САД.

Извори: BusinessInsider, TechCrunch

Претходна статијаMotorola, HTC, Samsung и LG демантираат намерно забавување на нивните уреди
Следна статијаLG го претстави 88 инчниот 8К OLED екран