NatGeo
Media: PrintScreen

Светската јавност беше воодушевена од подвигот на компанијата SpaceX, кога тие во вселената ја лансираа најмоќната ракета на денешницата. Како тоа да не беше доволно, ракетата беше натоварена со модел од еден од најфутуристичките автомобили кои денес постојат.

Овој историски настан предизвика големо воодушевување и реакции во јавноста. Меѓутоа вистинско богатство е видео материјалот подготвен од продукцијата на National Geographic. На него може да се види реакцијата од резултатите и комплетниот тек на „операцијата“ кај првиот човек на SpaceX, Елон Маск.

Неговите реакции не можеа вистински да се доловат преку Twitter, каде тој беше активен за време на целиот процес. Меѓутоа tweet-овите звучеа смирено и резервирано. Сосема спротивно од она што вистински се случуваше во вселенскиот центар „Кенеди“.

Покрај севкупната еуфорија која се случува, Маск и понатаму е смирен. Меѓутоа по неговите реакции се гледа дозата на возбуда, па дури и изненадување. Целата ситуација најдобро ја опиишува неговата реплика од самиот почеток на видеото:
-Holy flying f**k, that thing took off. (Од етички причини, превод обезбедете сами)

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2National Geographic
Претходна статијаФиналната верзија на Oreo за Galaxy S8 и S8+ доаѓа наредната недела
Следна статијаБританската полиција опремена со мобилен скенер за отпечатоци