Кога станува збор за планетата Земја, периодот од 30 години воопшто не е долг. Но според сликите кои ги објави NASA, периодот од 30 години бил сосема доволен за да се случат големи промени. Сликите се направени со помош на сателити како и со податоци за температурата преку кои се следеле климатските промени изминативе години. Промените главно се случуваат кај водените површини, на пример исушени реки и исчезнати езера, намалени површини на мраз и новоформирани острови.
Големи промени се забележуваат и во урбаната експанзија, што се забележува преку светлината од електрична енергија во ноќните сателитски снимки. Од NASA велат дека нашата планета постојано се менува, а преку сателитските слики и снимки полесно може да се разберат промените и во кој правец се движат истите. Ова е само уште еден од доказите дека климатските промени се реални и дека мора да се посвети многу внимание на нив.
Пресушувањето на реките прави огромна штета во некои делови на земјата. На пример пресушувањето на реките Mekong и Tonlé Sap во Камбоџа, предизвикано од тајфунот Nari во октомври 2013 година, имаше ефект врз половина милион луѓе преку уништивањето на повеќе од 300.000 хектари на оризови полиња.
Сличен проблем е и исчезнувањето на езерата. Езерото Poopó е второто по големина во државата Боливија со околу 3.000 квадратни километри. Исчезнувањето на ова езеро се должи на искористување на водните ресурси во рударството и земјоделсвото. На сликите може да се забележи огромната промена во период две години и девет месеци.
12-ти април 2013 година
15-ти јануари 2015 година
Извор: IflScience, CityLab