Leadership

Лидери и лидерство. Нештa кои не се учат на училиште, барем не во Македонија – мојата земја. Во основно, средно училиште и на факултет. Секогаш кога зборуваме за иднината, нè насочуваат во правец на тоа како да напишеме CV, како да најдеме работа, како да работиме, итн. Никој не споменува ништо од типот: ”Во иднина, КОГА ЌЕ ЈА УПРАВУВАТЕ ВАШАТА СОПСТВЕНА КОМПАНИЈА…” или “Во иднина, КОГА ВИЕ ЌЕ ПОСЕДУВАТЕ КОМПАНИЈА…”. Ние едноставно не зборуваме за тоа, не посочуваме вакви примери, ние не инвестираме (истражуваме, водиме, тренираме) луѓе кои имаат ваков потенцијал. Оттука, се поставува прашањето:

Дали образовните институции ни создаваат можност самостојно да одлучиме што сакаме да бидеме или однапред (не)свесно ни го дефинираат нашиот ментален код, нашиот начин на размислување?

 

quality

Никој не нè подучува за тоа како да започнеме и креираме нешто кое ќе ни припаѓа лично нам или во краен случај, да размислуваме за ова. Неколку месеци порано учествував на тренинг каде ни прикажаа како се работи во Google (барем изгледавме видео снимка). Билион бироа, соби за одмор и забава, неограничена и вкусна храна и пијалоци – едноставно рај. Повеќето од луѓето на тренингот кажаа: “Ајде да одиме во Google”, “Јас многу би сакал таму да работам”. Навистина не знам колкумина од нив помислија нешто налик на: ”Ова е токму така како што би сакал да изгледа во иднина мојата компанија”. Ние не сме навикнати да размислуваме на овој начин, бидејќи целиот живот луѓето нè учат нешто сосема различно. Единствен исклучок се децата кои доаѓаат од ситуирани семејства, бидејќи во повеќето случаи веќе се испланирани нивните идни улоги како газди или “бизнисмени”. Повеќето деца дома немаат таква среќа да бидат учени да веруваат дека можат да станат лидери.

Според тоа, зошто не работиме токму на ова во текот на образовниот процес?

Лидерите не паѓаат од небо. Треба да бидат истражувани, водени или создадени. За здрав и економски развој ова е од круцијален интерес на секоја држава и општество. Токму ова ме инспирираше да го напишам овој пост, бидејќи верувам дека имаме талентирани луѓе во Македонија кои во иднина можат да бидат одлични лидери.

Па и време е.

giphy

*Забелешка: Фактот да работиш за Google не е воопшто лоша идеја, како и генерално фактот да работиме за некого. Сè што сакам да кажам е дека во образовниот систем ниту сме охрабрувани да размислуваме, ниту да делуваме како лидери.

Претходна статијаВиртуелна копија од Аушвиц ќе помага во осудувањето на злосторниците од Втората Светска Војна
Следна статијаВидео: новиот систем за автономно возење на Tesla лесно се снаоѓа и во градски услови