Во ерата на масовно експлоатирање на интернетот од страна на речиси сите луѓе на планетата, сосема извесно е дека интернетот чува белези од секој корисник кој некогаш ја посетил мрежата. Социјалните мрежи, комуникацијата, податоците и се она што се врзува со користењето на интернетот е некаде од некоја причина зачувано.

Во почетокот, прашање беше дали интернетот е во состојба да зачува податоци, за денес, главното прашање да биде дали некој може да влијае на количината на инфромации кои истиот ги собира, без наша директна дозвола. Па така, речиси е незамисливо, мануелно да ги избришете сите докази за вашето интернет постоење. Сепак, Deseat.me се обиде да одговори на оваа потреба.

Deseat.me е алатка која ќе го избрише вашиот отпечаток на интернетот, барем делумно. Звучи едноставно, меѓутоа алатката всушност врши особено комплицирана операција. За почеток, најголем успех ќе имате доколку вашата примарна електронска адреса е регистрирана преку Google, односно Gmail. За почеток, потребно е да се најавите на сервисот користејќи го вашиот Google налог. Сервисот потоа ќе изврши длабинско пребарување на интернет датабазите во кои се споменува вашата електронска адреса. Секоја социјална мрежа, веб-сајт, мејлинг листа, он-лајн продавница или било кое друго место, каде некогаш сте ги оставиле своите податоци ќе бидат на листата. Потоа, корисникот има прилика одбере, од каде истите да бидат повлечени, односно избришани.

Се разбира, алатката нема супер моќи, со помош на кои комплетно ќе го анулира вашето интернет постоење. Главната цел е темелно пречистување на датабазите кои ги имаат вашите податоци, а веројатно не сте ни свесни за тоа. Он-лајн регистрацијата е неизбежен елемент на речиси секој веб-сајт, па дури и неопходна за користење на голем број сервиси. Но што се случува со вашите податоци откако ќе го искористите сервисот или едноставно немате повеќе потреба од користење на конкретниот веб-сајт?

Претходна статијаДали вреди да купите iPhone SE во 2017-та?
Следна статијаЕлон Маск објави нови детали за Tesla Model 3