Во текот на изминатата деценија, технологијата стана централна тема во филмoвите и на телевизија. Иако не можам да останам рамнодушен кога ќе видам во филмовите очигледни технолошки гафови, сепак сум среќен кога ќе видам како се претставуваат интелигентните луѓе во филмовите на Холивуд.

Викендов беа Оскарите, најголемата филмска манифестација и добро би било да ги погледнеме филмовите кои ги вреднуваат гиковите и ги прават “фенси”

Од негативци кои иритантно својата интелигенција ја користат за злобни цели, до генијални плејбој момчиња со дебели стакла за наочари, ова се најдобрите 10 филмови кои докажуваат дека гиковите се неодоливи:

1) The Matrix

Филмот The Matrix имаше огромно влијание на поп културата. Мене лично, ми е еден од најомилените филмови. Тоа е филм за една алтернативна реалност за која луѓето не се свесни. Генијалниот хакер Neo (Keanu Reeves) се здружува со тимот на бунтовници предводени од Morpheus (Laurence Fishburne) и со Trinity (девојката на Neo) за да ја уништат технологијата која ги користи луѓето како храна, односно енергија.

Во оваа трилогија, Neo хакерот е херојот, спасителот на цело човештво. Избегнува и застанува куршуми со рака, тој е месија, има кул наочари, крши ѕидови, лета, а најважно од се, ја има најубавата девојка која е ептен ха-це братче и цела е у црно ;-)

2) Inception

Inception мајсторски прави мешавина од илузија и реалност, се додека не знаете и самите да одлучите што е што. Леонардо Ди Каприо, ОСКАРОВЕЦОТ, влегува во умот на луѓето со цел да им ги открие тајните, но и да им вметне негова волја, која потоа жртвата мисли дека одлуката сам ја донел. Комбинацијата од технологија и шпионажа го прави филмот еден од најинтересните за гледање, иако на моменти ќе Ве натера по неколку пати да гледате некоја сцена за да се осигурате за што точно се работи.

3) Big Hero 6

Откако завршува со средно училиште, Hiro Hamada е на крстосница и не знае што понатака во животот, се додека не добива помош од неговиот постар брат Tadashi, кој се запишува во колеџ за “nerds”. Но, откако се случуваат катастрофи во градот San Fransokyo и го ставаат Hiro во опасна ситуација, тој се здружува со останатите гикови другари и со слаткиот робот Baymax.

https://www.youtube.com/watch?v=XK7itpweSRg

4) The Aviator

Ова е приказна за младиот Howard Hughes (Leonardo DiCaprio), кој за брзо време станал енормно богат. Син на изумител од Тексас кој починал кога имал 18 години, Hughes се преселил во Лос Анџелес за да стане сопственик на RKO Studios – помагајќи во лансирањето на кариерата на Џин Харлоу и други старлети и произвел класици како Hell’s Angels и Scarface.

Темата на филмот се врти околу авионскиот тајкун кој дизајнирал и креирал авиони.

5) Jobs

Има повеќе филмови за Steve Jobs и за формирањето на компанијата Apple. Но, според мене најдобар е Jobs во кој главната улога ја има Ashton Kutcher кој неверојатно многу наликува на Steve Jobs. Има многу сомневања за веродостојноста на фактите наведени во филмот, а најмногу за интерпретацијата на Steve Jobs. Бил, или не бил го**о од човек? По се изгледа Steve Jobs бил и добар и лош човек. Но, сепак, не може да се занемари фактот дека бил генијалец и дека неговите производи не направија бум во технолошката сфера. Филмот одлично го презентира Jobs, заедно со големата сличност на актерот со Jobs.

6) Iron Man

Супер херој, интелигентен, се разбира во компјутери, билионер, има одлично воено одело со кое го спасува светот, а и добро изгледа. Неодолив geek. Меѓу другото е еден од членовите на Avengers.

https://www.youtube.com/watch?v=L5BPyMZqpUE

Претходна статијаSamsung Galaxy S8 ќе биде официјално претставен на 29-ти март во Њујорк
Следна статијаСамсунг го претстави новиот Galaxy Tab S3 кој нуди врвно искуство во забавата и работата во движење