Brücke-Osteuropa - Own work, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=8707188

Пред еден месец, познатата кинеска компанија ZTE најави дека престанува со работа поради забрана од страна на американските власти нивните компании да соработуваат со оваа компанија. Причината за тоа беше непочитување на санкциите кои САД ги има спрема Северна Кореа и Иран, кои подразбираат забрана за соработка со нивните власти и компании.

ZTE токму тоа го има направено, односно има продавано опрема на овие две земји. Со САД тие веќе имаа направено договор да платат казна за ова, но и да ги казнат нивните менаџери, меѓутоа подоцна се дознало дека од компанијата го немаат направено истото. Менаџерите не само што не биле казнети, на нив им биле исплатени целосните бонуси кои им следувале за работата.

Поради ова американските власти решаваат да целосно забранат секаква соработка на американските компании со ZTE. Со оглед на фактот што компанијата во главно зависи од американските компании, поточно Qualcomm за мобилните процесори и Google за главните апликации и Play Store на Android, тие најавија дека престануваат со работа.

Претседателот Доналд Трамп најави преку Twitter дека работи со претседателот на Кина за враќање на соработката со ZTE, а во главно поради големиот број на изгубени работни места во земјата. Се разбира, причината е поголема од тоа, а е поврзана со преговорите кои претседателот ги има со кинеските власти.

Како и да е, ZTE ќе треба да платат казна во висина 1 милијарда долари, како и дополнителни 400 милиони во еден вид на гаранција во таканаречениот „escrow“. Исто така од компанијата ќе треба да направат промена на одборот на директори, како и на останатите извршни директори во рок од 30 дена.

Овој пат извршувањето на договореното ќе се следи многу поблиску, односно од САД ќе имаат и свој претставник директно во компанијата.

Оваа информација, односно постигнатиот договор е потврден и од страна на Министерот за трговија на САД.

ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаMoto Z3 Play е третото продолжение од модуларниот телефон од средната класа
Следна статијаПретставен BlackBerry KEY2 повторно со познатата физичка тастатура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.