Полицијата од градот Темпе, Аризона, излезе со целосниот официјален извештај од истрагата за сообраќајната незгода кога автономно возило на Uber прегази пешак и кој го загуби животот.

Со оглед на тоа што и прелиминарниот извештај ги имаше повеќето информации, она што најмногу привлекува внимание во овој извештај е активноста на возачот кој е присутен во возилото за да внимава што се случува.

Според извештајот, возачот наместо да внимава на патот, има гледано ТВ шоу на Hulu стриминг сервисот. До таа информација доаѓаат преку логовите на Hulu од каде дознаваат дека овој корисник има гледано Hulu од 21:16 до 21:59 часот, а крајот на гледањето се поклопува со времето на незгодата.

Кога ќе се земе во предвид претходниот извештај, каде беше истакнато дека системите на Uber возилото го имаат забележано пешакот дури 6 секунди пред незгодата, меѓутоа системите за итно запирање биле исклучени, се гледа важноста на улогата која ја има возачот.

Доколку возачот си ја вршел работата како што треба, наместо да гледа Hulu, најверојатно не би дошло до незгодата поради тоа што тој би можел да реагира, кога веќе системите на возилото не реагирале.

Што ќе значи ова за иднината на автономната програма на Uber не е јасно, меѓутоа ова е иднината на возилата, па сигурно не би значело и крај. Возачот на возилото сигурно ќе биде обвинет кривично, па со оглед на загубениот живот, може да се очекува и затворска казна.

ИЗВОРArs Technica
Претходна статијаДамјан: Macedonico е мобилна апликација која треба да го доближи македонскиот јазик до светот
Следна статијаОсумте на Оушн: Ист рецепт, лош резултат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.