Фото од Lawrence Monk од Pixabay

Аплицирањето за американска виза е процес кој подразбира пополнување на апликација со повеќе видови на информации, меѓу кои и место на работа, месечни примања, образование, посета на туристички места и слично.

Сето ова повторно може да биде дел од прашањата кои се поставуваат на интервјуто за одобрување на визата, но и подоцна при влез во земјата.

Од Министерството за Надворешни Работи на САД во апликација за добивање на сите видови на виза, имигрантска и неимигрантска, додадоа и дел каде апликантите ќе треба да ги внесат податоците за своите друштвени мрежи.

Поточно, корисниците ќе имаат дополнителни полиња со друштвени мрежи, каде тие ќе треба да ги внесат корисничките имиња на истите, а доколку некоја мрежа не е ставена во листата, апликантите имаат посебно поле самите да додадат.

Секако, од апликантите нема да се бара да ја внесат лозинката за пристап до овие мрежи, а сигурно тука се поставува прашањето за тоа како се планира проверка на приватни и прилично затворени сметки, се прашуваме.

Од апликантите ќе се бара да ги набројат и сметките кои веќе ги немаат, односно од нив се бара да ги набројат друштвените мрежи на кои биле приклучени во изминатите 5 години.

Ова правило од 5 години важи и за внесување на имејл адресите кои биле во сопственост на апликантите, како и телефонските броеви.

Ова се информации кои веќе биле барани од страна на апликантите, меѓутоа само тие кои доаѓаат од или некогаш посетиле дел од светот кој е под контрола или влијание на терористи.

Проширувањето на правилата на сите апликанти е со цел да се зголемат информациите кои се добиваат за апликантите, а со тоа и на безбедноста на граѓаните.

Според информациите, со новите правила ќе бидат засегнати повеќе од 15 милиони луѓе од целиот свет кои поднесуваат барање за некаков вид на виза за влез во САД.

ИЗВОРAP
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаApple го откажува iTunes на сметка на новите посебни сервиси
Следна статијаЗапознајте се со Amplus – нова платформа за менаџирање на податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.