Shutterstock.com

Сенатор од демократите во САД излезе со предлог закон којшто сепак ниту тој не смета дека ќе помине, а е дел од друга дебата поврзана со огнено оружје. Сепак, тоа што тој го предлага и аргументите кои ги има наведено, сигурно ќе ги погоди доста луѓе кои сигурно сметаат дека користењето на мобилни телефони од страна на младите е излезено од контрола.

Законот е малку екстремен и предлага да лицата под 21 година не смеат да имаат и користат мобилни телефони, односно тоа да биде нелегално, исто како што за нив е нелегално да пијат алкохол, да пушат цигари и слично.

Казната која се предлага за прекршување на овој закон е парична, но и до 1 година во затвор, што дефинитивно е премногу за користење на мобилен телефон, без разлика колку општествени дискусии може да се прават во негативниот ефект кај младите.

Според предлог законот, користењето на мобилните телефони придонесува до поголем број на сообраќајки, отвора можност за регрутирање на терористи и слични работи.

Се гледа од ова дека иако некои од тврдењата можат повеќе да се поврзат со одредени проблеми, сепак за некои е несериозно да се тврди дека се „криви“ мобилните телефони.

Сепак, воопшто предлагањето на еден ваков закон може да ја дополни дебата околу тоа дали младите премногу од времето го поминуваат на мобилните телефони и каков ефект има тоа на нивниот друштвен живот и генерално ментален развој.

ИЗВОРGeek
Претходна статијаСундар Пичаи, директорот на Google, смета дека државите треба да ја регулираат употребата на вештачката интелигенција
Следна статијаSamsung Galaxy S10 и Note10: Телефони коишто ја одбележаа 2019 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.