Последните години низа различни здруженија на потрошувачи ширум САД лобираат за донесување закон за „правото на поправка“. Ваквиот закон се однесува на електрониката од секојдневниот живот која ја користи обичниот човек. Правото секој корисник да може самиот да го поправи електронскиот уред кој го користи треба да биде овозможено, најнапред од компанијата производител.

Ваквиот предлог е детално разгледуван од претставниците на локалните, но и федералните власти во САД. Најзагрижени по ова прашање, очигледно се во американската сојузна држава Вашингтон. Застапниците од оваа држава подготвуваат нацрт текст кој веруваат дека ќе биде прифатлив и на федерално ниво. Својата загриженост за оваа тема како и предлогот како ситуацијата да се промени тие го имаат оформено и пред скандалот со батериите на Apple. Меѓутоа, истиот послужи како одличен пример зошто ваков закон би бил од голема корист за граѓаните и потрошувачите.

Однесувањето на Apple и нивниот механизам за намерно успорување може да служи како основа за иницијативата за донесување закон. За таа цел и предлог-законот на државата Вашингтон нагласува:
-Забрана за продавање на делови од компании кои своите уреди намерно ги дизајнираат да бидат комплицирани за поправање. Тука особено се мисли на батериите кои се направени да не можат да бидат заменети, како што е случајот со iPhone.

Технолошката индустрија силно се противи на ваквиот закон, од очигледни причини. Меѓутоа, како конструктивен аргумент тие ја наведуваат злоупотребата. Доколку им се дозволи на корисниците алатка со која ќе можат да ги поправат своите уреди, таквата алатка би можела да биде злоупотребена. Тоа ќе значи слободен влез во механизмот кој самите компании го користат за да ги обезбедат корисниците.

Извори: ExtremeTech, Vice Motherboard

Претходна статијаДо 2040-та во Калифорнија речиси сите ќе возат електрични автомобили
Следна статијаGoogle предвидува доцнење на летови со помош на AI