Во продолжување на трговската „војна“ која веќе одреден период се води со Кина и нејзините компании, претседателот Трамп потпиша закон којшто ќе забрани користење на производите од Huawei и ZTE, но и други кинески компании од страна на владините служби во САД, како и сите кои соработуваат со нив.

Овој закон е дел од поголем закон за одбрана, а познато е веќе одамна дека производите од Кина се сметаат за небезбедни од страна на американските власти.

Според овој закон, сите кои сакаат да соработуваат со американската влада нема да смеат да користат производи од овие компании, но сепак оставен е простор тие да се користат за одредена „помалку важни“ делови, односно делови кои немаат пристап до податоци и слично.

Со оглед на тоа дека овие компании се едни од најголемите во светот кога е во прашање мрежната опрема, голем е бројот на компании кои ќе имаат проблеми и трошоци за менување на соработката со нив.

Со цел да им се помогне на ваквите компании, одредени владини агенции ќе имаат повеќе средства насочени кон ублажување на процесот којшто би следел.

Инаку, новиот закон ќе треба да се имплементира во наредните 2 години, а не е познато дали нешто во меѓувреме би се променило.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЕлон Маск излезе со информација дека навистина има обезбедено средства за приватизирање на Tesla
Следна статијаGoogle jа следи нашата локација и откако ќе ја исклучиме можноста за истото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.