Претседателските избори во САД во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп, се едни од најконтроверзните избори, барем тие кои ги памти нашата генерација. Проблемите околу овие избори во главно се вртат околу кампањи пуштани преку друштвените мрежи кои имале точна цел да влијаат на изборите.

Facebook како најголемата друштвена мрежа, се разбира дека и во овој случај е во центарот на вниманието, иако и другите мрежи биле користени.

Обвинувањата се дека Русија има покажано посебен интерес за овие избори, а поточно за победа на Доналд Трамп, за што повеќе пати можевме да прочитаме.

Неколку агенции кои се поврзуваат со руската држава, се истакнати како закупувачи на реклами на Facebook, а конгресот на САД веќе ја објави оваа информација кога почна истрагата за истата.

Сега, конгресот на САД, поточно комисијата за контрола на разузнавачките агенции, ги објави сите закупени реклами од страна на Internet Research Agency (IRA), „озлогласен руски трол“ како што се наречени од страна на комисијата.

Комисијата ги направи достапни сите реклами кои ги има закупено оваа агенција како посебни фајлови кои може да се симнат од овој линк.

Како што знаете, на Facebook може да се објавуваат работи и без да се плати за истите, па овие објави, кои исто така се многу, не се дел од објавените фајлови, односно објавени се само платените објави (рекламите).

Ваквите случаеви се само доказ за влијанието кое го има Facebook, како и останатите друштвени мрежи и како тие може да бидат злоупотребени за манипулација на корисниците, без разлика за која цел и страна.

Facebook веќе се под голем притисок за своето влијание и се преземаат одредени мерки, меѓутоа реално јас мислам дека ништо не може да се направи додека луѓето не се научат да ги добиваат своите информации од повеќе извори и со нешто поголема критичност и проверка на истите.

ИЗВОРКонгрес на САД
ИЗВОР 2Recode
Претходна статијаСосема прекрасен мај на Pickbox со нови наслови
Следна статијаZTE престанува со работа по забраната од страна на САД за извоз спрема оваа компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.