Можеби сумата делува дури и смешна, меѓутоа ако се земе како пример „судбината“ на LinkedIn, ова може да е само почетокот кој може да заврши со целосно блокирање на Facebook во Русија.

Казната во висина од 50 американски долари или околу 3.000 рубли, е изречена од страна на суд во Москва по жалба поднесена од Roskomnadzor, државна агенција за надзор на комуникациите, ИТ и медиумите.

Законот врз основа на кој е изречена казната бара да сите компании кои работат и чуваат приватни податоци од своите руски корисници, овие податоци да ги чуваат на руски сервери.

Во судот од Facebook немале претставник, а иста казна имаат добиено и Twitter минатата недела. Сумата која е изречена е минимумот, но сепак парите не се проблемот во овој случај.

Она што е можно да се случи доколку компаниите не почнат да го почитуваат рускиот закон за приватност, е блокирање на нивните сервиси целосно на територијата на Русија.

Вакво нешто е можно да се случи, а не е сигурно колку корисниците би биле погодени од таква одлука. Во Русија скоро сите западни и популарни сервиси имаат руска „верзија“, односно конкуренција, па веруваме дека во оваа земја повеќе се користи VKontakte, а не Facebook.

Дали овие компании се загрижени од можноста да бидат блокирани во Русија останува да видиме и дали воопшто планираат да ги направат потребните промени за почитување на законот.

Она што е специфично е што Facebook, колку што знаеме, немаат компанија во Русија, па не е така едноставно да се заклучи дали тие имаат обврска да го почитуваат законот, односно дали планираат.