Скандалот со Cambridge Analytica изгледа ја прели чашата полна со критики и обвинувања за начинот на функционирање на најголемата друштвена мрежа во светот, Facebook. Од овој случај се виде дека не се неточни обвинувањата кои тврдеа дека Facebook едноставно знае премногу за своите корисници, а сите овие податоци може да бидат злоупотребени, намерно со знаење на компанијата или „случајно“ од трети страни.

Овој случај предизвика давање на поголемо внимание и на останатите проблеми со друштвената мрежа, а едни од најголемите се искористувањето на истата за манипулирање на корисниците преку креирање на лажни профили и објавување на лажни информации.

Папуа Нова Гвинеја, кој би очекувал, е земја која се одлучи да го блокира пристапот до друштвената мрежа за своите граѓани, меѓутоа само во траење од месец дена. Во тој период тие би направиле тестирање на влијанието на оваа мрежа, а причината за оваа одлука ја објаснуваат во лажните информации и профили, како и во објавувањето на порнографска содржина.

Од земјата истакнуваат дека тие не ја исклучуваат можноста да создадат сопствена друштвена мрежа која би требало да го замени Facebook. Според информациите на The Guardian, во оваа земја само 12% од населението користи Facebook, па не сме сигурни дека и нова мрежа би била нешто посебно популарна.

Она што е интересно во целиот случај е што властите во светот ги искористуваат ваквите проблеми за правење на поголема контрола врз своето население, а сето тоа го прават под објаснувањето дека се прави за негова заштита. Ова индиректно може пак да се препише на Facebook, кои ете им овозможуваат на властите да ги искористат како оправдување за којзнае какви нивни цели.

ИЗВОРPost-Courier
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаДостапен iOS 11.4 со можност за синхронизирање на Messages во iCloud
Следна статијаLG го претстави V35 ThinQ со подобрен процесор, новата двојна AI камера и одличен аудио систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.