Американската вселенска агенција, NASA, наредила да се изврши безбедноста проверка на двете компании кои работат на летала кои од идната година треба да почнат да носат астронаути во вселената, поточно на Меѓународната Вселенска Станица.

Иако одагенцијата не го истакнуваат ова директно, информациите говорат дека главната причина за проверката е интервјуто кое го даде Елон Маск, пренесено на YouTube, во кое тој пуши марихуана.

Од NASA сакаат да е осигураат дека компаниите кои ги развиваат наредните вселенски летала кои треба да носат луѓе во вселената имаат добра корпоративна култура, безбедносни протоколи, како и дека околината во која работат нема дрога.

Со ова јасно се гледа дека информациите за причината за оваа проверка се поврзани со интервјуто на Маск, без разлика што тоа директно не се истакнува.

До одлуката за оваа проверка е дојдено откако повеќе луѓе во NASA биле загрижени за начинот на работа во компаниите чиј врв може да се види како пуши марихуана во јавност.

Од NASA истакнуваат дека иако имаат големо ниво на доверба во тимот на SpaceX, сепак водството и културата доаѓаат од врвот на компанијата, со што покажуваат дека тие не му веруваат на Елон Маск и начинот на којшто тој ја води оваа компанија.

Сигурно на сето ова има влијаено и тоа што Маск се договори да се тргне од претседателското место во Tesla, по проблемите кои излегоа за него кога најави дека ќе ја приватизира компанијата, иако за тоа испадна на крајот дека ги нема обезбедено потребните средства.

Кратко кажано, довербата на одредени луѓе во Елон Маск не е на нивото кое беше едно време, па агенциите како NASA се решаваат дополнително да проверат за „атмосферата“ во неговите компании.