Оттаму, не е зачудувачки што со една од последните пресуди, Европскиот суд за човекови права (ЕЧП) одлучи дека исмевањето на нечии религиозни убедувања не е слободен говор.

Се работи за австријка (Е.С.) која во 2009 година на неколку семинари посочила дека тоа што пророкот Мухамед се венчал со млади девојки (постои тврдење дека Мухамед се венчал со 6 годишно девојче, меѓутоа некои велат дека девојчето било всушност повеќе години постаро) било еднакво на педофилија. Тие забелешки ја чинеле Е.С. 480 евра, последица на пресудата на австриските судови според кои таа го нарушувала религиозниот мир во земјата.

Нејзиниот случај дошол и до Европскиот суд, откако се пожалила дека нејзините (иако невкусни и сатирични) забелешки не треба да се казнуваат во едно слободно општество.

Сепак, Европскиот суд застанал на страната на колегите од Австрија и потврдил дека да, навистина нејзините зборови можат да доведат до религиозни поделби и судири во земјата.

Исмевањето со туѓи религии секако дека не е шега. Видовме што се случи со Чарли Ебдо и холандскиот режисер кој беше убиен како последица на неговото критикување на третманот на жените во Исламот (во својот филм Submission).

Меѓутоа, она што е исто така важно да се посочи е тоа дека Европскиот суд поставува опасен преседан со оваа одлука. Судот практично вели дека правото на слободниот говор „не важи“ ако се повредуваат нечии чувства и погледи за светот.

Меѓутоа, тоа ја отвора можноста различни групи на луѓе да тврдат дека критикувањето на нивните убедувања ги загрозува на некој начин. Тоа пак може да доведе до цензура и само-цензура. На крајот, пресудата на ЕЧП ќе биде поразителна за слободниот говор. Но, барем ќе ги заштити нашите чувства.

Претходна статијаЗошто се кочиш кога гледаш дека некој е во неволја?
Следна статијаOnePlus го претстави OnePlus 6T со голем екран, исечок и сензор за отпечатоци по екранот