Shutterstock.com

ЕУ и Советот на Европа ќе продолжат да ги поддржуваат реформите во Западен Балкан и Турција во полињата на: човекови права, демократија и владеење на правото. Продолжувањето на заедничката програма „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ ќе биде објавено на регионалната конференција, која ќе се одржи во Скопје, Северна Македонија на 9 октомври.

Втората фаза од програмата, во вредност од 41 милиони евра, ќе се спроведува се до 2022 година во проширен обем, со тоа што  првпат ќе бидат вклучени теми како што се слобода на говор и слобода на медиуми. Генерално, новата фаза на програмата ќе се фокусира на четири сеопфатни тематски области и тоа: обезбедување правда, борба против корупцијата, економскиот и организираниот криминал, промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи и слобода на изразување и слобода на медиуми.  

Продолжувањето на програмата се темели на успешната прва фаза од истата, која се спроведуваше од 2016 до 2019 година. Во првата фаза, програмата донесе бројни  конкретни резултати како што се подобрување на затворскиот систем и повеќе права за затворениците, потолерантни училишни средини како и поефективни закони и мерки против корупцијата. Покрај тоа, програмата ја зголеми ефикасноста на правосудните системи и обезбеди повеќе еднакви можности за ранливите групи. 

Во наредните три години, програмата ќе има за цел да се справи со преостанатите предизвици преку користење на флексибилни механизми кои ќе ги поддржуваат властите во процесот на адресирање на препораките од телата на Советот на Европа надлежни за мониторинг и советување. Покрај тоа, ќе се стави фокус на подобрување на размената на искуства и добри практики за решавање на заедничките предизвици за сите чинители во Западен Балкан и Турција.     

Вовед

Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) кој ќе се спроведува од 2019 до 2022 година, претставува иницијатива за соработка помеѓу Европската Унија и Советот на Европа во регионот на Западен Балкан и на Турција. Програмата поддржува посебно прилагодени реформски процеси, договорени во согласност со властите и во согласност со релевантните препораки на телата на Советот на Европа надлежни за мониторинг и советување, во полињата на човекови права, владеење на правото и демократијата.

Програмата им овозможува на корисниците да ги спроведат своите агенди за реформите и да ги почитуваат европските стандарди, вклучувајќи ги, онаму каде што е соодветно, во рамките на процесот на проширување на ЕУ. Обезбедена е и прилагодена поддршка заснована на барањата на институциите, која и натаму ќе ги подобрува правните и политичките рамки и ќе ги гради капацитетите на институциите, зајакнувајќи го функционирањето на истите. Програмата има за цел, преку своите активности  да донесе значителни директни подобрувања на животот на граѓаните.

Претходна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#11)
Следна статијаПочетокот на Светската недела на вселената во Македонија со моќна порака за инклузија – „Сите делиме иста месечина“