ps4-hrdware-large19

Sony ја претстави следната верзија од својата играчка конзола PlayStation во Февруари оваа година и ја најави датата на официјалното излегување во продажба за средината на Ноември 2013. Точно според најавите, од денеска PlayStation 4 е достапна и е во продажба за Северно Американскиот пазар.  Се продава по цена од $399 долари, што е за $100 долари помалку од играчката конзола од Microsoft, Xbox One, која што ќе биде достапна во продажба од 22 Ноември 2013.

PlayStation 4 во себе содржи 8-јадрен AMD процесор базиран на “Jaguar” архитектурата, оптимизирана за ниска потрошувачка. Во процесорот е вклучен и AMD Radeon графички чип базиран на GCN (Graphics Core Next) архитектурата. Централниот и графичкиот процесор делат 8GB GDDR5 меморија со максимален капацитет од 176GB/s. Во конзолата е сместен и Hard Disk со капацитет од 500GB кој ќе може лесно да се замени. Од оптички уреди има DVD/Blu-ray читач кој поддржува приказ на 4К резолуција. Останатите спецификации вклучуваат две USB 3.0 порти; AUX, HDMI и S/PDIF конектори; Bluetooth 2.1; IEEE 802.11 b/g/n Wi-Fi адаптер; и Ethernet (10BASE-T, 100BASE-TX, 1000BASE-T) трансивер.

Карактеристично за фановите од USA, кои кампуваат пред продавниците каде што се достапни за првпат нивните омилени производи, така и сега можеше да се сретнат овие нестрпливи фанови како го чекаат официјалното отворање на продавниците, со цел да бидат меѓу првите што ќе дојдат до примерок од PlayStation 4. Во продолжение можете да ја погледнете репортажата од USA Today за некои од местата каде што се чекало пред продавниците.

Претходна статијаFlipboard за Windows 8.1 достапна за симнување
Следна статијаHuawei Ascend P6 ќе добие Andorid 4.4 KitKat во Јануари 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.