xbox-one-line

Microsoft денес објави вест дека Xbox за прв пат во нивната историја успеа да биде продаден во  повеќе од еден милион единици во 13 земји за помалку од 24 часа од кога стана достапен во продажба, што за Microsoft тоа е нов рекорд. За жал, дел од нив ќе бидат вратени и заменети бидејќи конзолите имале проблеми со расипан Blu-ray читач, слушалки кои не функционираат и E100 пораки.
Сите корисници кај кои се имаат јавено овие проблеми ќе можат да добијат нови уреди освен тие со Е100 пораката, поради тоа што таа порака значи дека корисникот се обидел да го обнови софтверот. Поедноставно речено тоа е како flesh-ување матична плоча на PC, но освен firmware-от, во пакет е додатен софтвер од 1GB (исто како на PS4) што не е паметно да се прави директно од интернет (колку и да е брз) туку да се симне на USB меморија, па така да се обнови оперативниот систем.

Sony најави пакет на Vita и PS4

Како што некои луѓе веќе предвидоа, ваков пакет ќе има. За жал сега за сега само во Британија.  Цената и датумот се уште не ни е познат или дали ќе го има пакетот и во други региони. Ако се уште немате PS4 или PS Vita сега ќе имате шанса да ги имате двете за 99$ помалку (ако предвидувањата се точни). За тие што не се запознаени со PS Vita, може да се каже дека под хауба е PS3, но со Remote play функција, нешто како NVIDIA SHIELD и MS Smart Glass (со OLED екран).

ps4-vita

John Carmack  го напушти iD Software за да работи на Oculus Rift

Таткото на Commander Keen, Wulfenstein 3D, Doom, Quake и Rage или на кратко речено креаторот на FPS жанрот и основачот на iD software, денеска се повлече од компанијата за да работи како (CTO) директор-главен техничар во Oculus, односно ќе биде фокусиран на научни и технички проблеми.  Иако помагаше во Oculus последниве неколку месеци, сега официјално го напушти iD и ќе ја крои иднината на виртуелната реалност. id TECH5 и технологијата за следните проекти во iD е завршена и неговото заминување нема да влијае негативно на компанијата.

Претходна статијаСпоредба: Xbox One vs PlayStation 4
Следна статијаРедизајнирани и унифицирани икони за десктоп и мобилни уреди во Ubuntu