Twitch, познатата платформа за емитување на видео содржина од страна на „гејмерите“, претстави своја десктоп апликација која процесот на започнување на пренос треба да го направи многу поедноставен.

Оваа апликација е наречена Twitch Studio и ги цели новите корисници, односно тие кои планираат за првпат да започнат со емитување на содржина. Тоа е така затоа што се претпоставува дека тие што веќе го прават тоа, се задоволни од своето решение.

Twitch Studio е наменета за пренос на содржина од компјутер, со оглед на тоа што истото веќе може едноставно да се прави од играчките конзоли, на пример. Корисниците со многу малку прилагодувања ќе можат да го започнат своето прво емитување и како што истакнуваат од компанијата, да станат наредниот „Ninja“, на пример.

Апликацијата овозможува неколку едноставни прилагодувања при првото стартување, како на пример изгледот на видеото од веб камерата, по што лесно се почнува со емитувањето.

Во овој момент апликацијата е во бета фаза, па не може секој да ја симне и тестира, туку мора да се пријави на овој линк, по што ќе може да добие пристап до истата, односно да ја симне. Од Twitch истакнуваат дека нема секој што ќе се пријави да може веднаш да ја симне апликацијата, но со тек на време истата ќе им биде достапна на повеќето.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаДалечинскиот пристап при работењето е во пораст
Следна статијаМакедонија со два бронзени медали на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Баку, Азербејџан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.