Програмерот Grégoire Divaret-Chauveau за време на Codevember има развиено игра каква што тешко дека некој би се сетил воопшто на таква комбинација.

Играта, која е достапна само на веб, во исто време ги пушта познатите Тетрис и Змија, по што се игра во исто време, со истите контроли. Тоа значи дека кога корисникот ќе направи движење, тоа се прави на двете игри во исто време, што значи дека треба да внимава да одговараат на двете игри.

Доколку се изгуби на едната од игрите, автоматски се губи и на другата, што значи дека се почнува од почеток.

Од левата страна е поставена Тетрис, а од десната Змија, па интересно е да се види дали некој ќе може оваа игра да ја игра повеќе од неколку минути.

Играта е достапна на овој линк, па може да пробате колку време ќе издржите.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНа првиот Демо Ден на СЕАВУС АКЦЕЛАРАТОР 10 компании се натпреваруваа за инвестиција од 30.000 евра
Следна статијаSamsung Galaxy S11 може да дојде со екран со стапка на освежување од 120Hz
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.