По „стапките“ на Nintendo, Sony денес ја претстави нивната ретро играчка конзола, направена според првата PlayStation конзола, соодветно наречена PlayStation Classic. Оваа конзола на корисниците ќе им стане достапна од декември, а со неа ќе добијат вклучени и 20 игри, како Final Fantasy VII, Jumping Flash, Ridge Racer Type 4, Tekken 3 и Wild Arms.

Изгледот на конзолата е скоро идентичен на таа од пред 25 години, со единствена разлика во големината која кај сегашната конзола е за 45% помала, што ја прави покомпактна.

Со конзолата доаѓаат и два контролери, се разбира направени во стилот на старите контролери кои доаѓаа со првата конзола од Sony од пред 25 години.

Корисниците ќе можат да ја поврзат новата конзола на денешните телевизори благодарение на HDMI портата, како и кабелот кој доаѓа во пакетот.

Носталгичните гејмери, кои некои од своите први искуства ги имале на оваа конзола, сигурно би сакале да ја купат и да се присетат каква беа игрите во тоа време.

Инаку, PlayStation Classic ќе се продава по цеа од 99 долари, барем во САД и Канада, но треба да биде достапна во целиот свет. Точната дата кога ќе стане достапна е 3 декември оваа година.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.