Nintendo
Media: Nintendo

Компанијата Nintendo реши да ја овозможи популарната игра Mario Kart и за корисниците на паметни телефони. Играта која во својата мобилна верзија ќе се вика Mario Kart Tour ќе стане достапна во периодот помеѓу април годинава и март наредната година.

Од компанијата за сега не откриваат повеќе детали. Односно, потврдени се само плановите да се развива играта под една од најголемите франшизи кои Nintendo ги поседува. Твитот преку кој Nintendo се обрати кон јавноста даде широка временска рамка во која апликацијата може да се очекува на пазарот.

Играта оствари неверојатни успеси откако беше промовирана на Wii U играчката платформа каде оствари продажба од над 8 милиони примероци. Со тоа се наметна како најпродаваната игра за Wii U. Оваа слава тие ќе се обидат да ја пренесат и на мобилните уреди. Веројатно мобилната верзија ќе вклучува неколку игри под различен наслов, по принципот на продолженија.

Што од сето тоа ќе биде реализирано и каков ќе биде конечниот изглед останува да видиме до крајот на март 2019-та. Инаку компанијата во неколку наврати ги тестираше своите способности на Android и iOS платформите, меѓутоа без особен успех.

ИЗВОР 2Cnet
Претходна статија[ДИСКУСИЈА] Жени во ИТ: Дали доволно ги мотивираме девојките да учат програмирање?
Следна статијаВештачката интелигенција има помогнато во отстранување на 700.000 лоши апликации од Play Store во 2017