На познатиот гејминг настан E3, односно Electronic Entertainment Expo 2018, Microsoft, поточно Фил Спенсер, најави дека од компанијата веќе работат на развојот на наредната генерација од Xbox конзолата. За жал не беше најавено кога истата може да се очекува, а верувањата се дека тоа сепак ќе се случи идната година.

На настанот беше само најавен развојот на наредниот Xbox, па не би можеле да ви дадеме нешто повеќе информации за тоа што може да се очекува од конзолата кога се во прашање карактеристиките, а еве што изјави на таа тема Фил Спенсер:

„Тимовите на Microsoft се навлезени длабоко во развојот на архитектурата на наредните Xbox конзоли. Нашите експерти во Microsoft Research ја развиваат иднината на гејминг вештачката интелигенција, за да световите и карактерите во кои уживаме бидат повеќе богати.“

Покрај најавата за развојот на нов Xbox, на настанот беше најавено и дека Microsoft посериозно ќе се нафати на донесувањето оригинални игри на нивната конзола. За таа цел тие дури купија неколку гејминг студија, меѓу кои Undead Labs, Playground Games, Ninja Theory и Compulsion Games.

Сите овие компании ќе станат дел од Microsoft Studios, па сигурно може да се очекуваат многу повеќе игри на Xbox во иднина, со тоа решавајќи еден од главните проблеми на оваа конзола, во споредба со Play Station од Sony.

Microsoft исто така најави дека работи на стриминг сервис за игри, нешто што може да се каже дека не е чудно со оглед на развиеноста на Microsoft Azure.

ИЗВОРThe Verger
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWindows 10 апликациите ќе може да се инсталираат на повеќе уреди од Microsoft Store веб страната
Следна статијаTip of the Week® со ново интернационално издание на англиски јазик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.