Music Snapped_Gameplay_US

Snap функцијата е позната на корисниците на Windows 8 и истата овозможува да користите 2 (во Windows 8.1 сега е можно користење на повеќе апликации) во исто време на поделен екран една до друга. Во Windows оваа функција е направена да прави комбинација од модерните апликации или модерна апликација со десктоп околината.

Оваа функција ќе биде достапна во своја посебна форма и на новата конзола Xbox One. Користејќи ја истата корисникот ќе може во исто време да игра некоја игра и паралелно да отвори прозорец со Internet Explorer, на пример или да гледа телевизија во живо. Ова се разбира се 2 од можните комбинации. Главната апликација, односно играта во случајот демонстриран ќе го зафаќа поголемиот дел од екранот, додека втората апликација ќе биде прикажана на десната страна во намалена форма, односно Snapped.

Во продолжение најдобро видете го самите видеото презентирано од страна на Yusuf Mehdi од Xbox тимот.

Претходна статијаAndroid 4.4 KitKat достапен од денес за Nexus 7 (2012-2013) и Nexus 10
Следна статијаКреирање на избрана листа од разни твитови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.