Вештачката интелигенција веќе е на доволно високо ниво на развој да почнува да се користи во скоро сите области на работа кои можеме да ги замислиме. Не е чудо што големи анализи веќе се прават за влијанието кое ќе го има оваа технологија на губењето на работни места во светот, а посебно во развиените земји.

Microsoft во повеќе наврати можевме да прочитаме како ја користи вештачката интелигенција која ја развива како една од најголемите компании во светот, па нов патент од компанијата покажува уште една потенцијална примена.

Конкретно, Microsoft разви систем кој ќе ја користи вештачката интелигенција со цел да ги открие играчите на Xbox конзолата кои мамат. Тоа ќе го направи преку следење на играта во самите игри, меѓутоа Microsoft оди и чекор понатаму, па ќе ги следи и резултатите, како и рангот којшто го има играчот.

Системот ќе може да процени дали некој играч има резултати и ранг којшто не би можел да ги постигне за одредено време, па ќе го означи како потенцијален „мамач“ .

Играчите коишто би биле „фатени“ како мамат, може да бидат известени за истото, како и да бидат банирани од платформата целосно.

Мамењето во игрите е нешто со кое сакаат да се справат сите кои се во бизнисот, односно од производителите на игрите, платформите кои нудат игри, а еве сега и Microsoft како сопственик на играчка конзола.

ИЗВОРCBINSIGHTS
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаДесет карактерисики кои ги имаат добрите менаџери според Google
Следна статијаЛегендарниот Маркез Браунли го прикажува ASUS ROG Phone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.