Џек Блек е познат американски актер кој е исто така и комедијант. Тој е познат по повеќе филмови, а сигурен сум дека го имате гледано барем во неколку.

Блек реши да отвори свој YouTube канал на кого стои дека ќе збори на тема игри, но и храна и живот. Тој истакнува дека каналот не е направен со некоја посебна продукција, па се што треба се прави со помош на неговиот син, кој снима и потоа го средува видеото за објава.

Во најавата за неговиот канал, тој во негов стил изводи и кажува дека ќе биде поголем од познатите Ninja и PewDiePie, па ќе видиме дали доволно сериозно ќе се нафати на ова и колку ќе биде прифатен од заедницата.

Каналот би требало да има по една видео неделно, а првото се очекува за утре. Веќе половина милион гледачи го следат овој канал, кој е наречен Jablinski Games, а со оглед на тоа дека е нов, се очекува значително зголемување на оваа бројка.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаiPhone XR успева да привлече поголем број на Android корисници
Следна статијаMicrosoft ја претстави Office апликацијата за Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.