esports,игри, twitch, иднина

Во ера на рапиден раст на ИТ и експонецијално зголемување на бројот на луѓе кои се онлајн, една од најголемите битки е да се освои вниманието на корисниците. Од она што веќе на сите ни е познато, како најпопуларен начин на трошење на време се друштвените мрежи и секако…гејмингот. Се поставува прашањето: што може да не’ научат тие за иднината на забавата?

Ќе се фокусирам на гејмингот, зошто ако зборуваме за друштвените мрежи, ќе најдеме многу моменти каде се применува концептот на гејмификација, преку лајкови, коментари, беџови, па дури и игри за да се одржи присутноста на корисниците на друштвената мрежа.

Гејмификација е применување на елементи од игра во non gaming контекст (не знам како ова да го преведам соодветно). Досега веќе споменавме неколку пати, јасно е дека онлајн присуството оди правопропорционално со веројатноста да видите повеќе реклами и аналогно, поголеми шанси да се заинтересирате за нешто и потенцијално да го купите. Но, за да се случи тоа, во прв план треба да бидете присутни подолго време онлајн. Тогаш, која е формулата за задржување на вниманието?

Пред некое време, месец дена отприлика се одржа Fortnite натпревар во кој учество зеде познатиот гејмер Ninja. Настанот се одржа во Лас Вегас, се стримуваше во живо и успеа да освои рекорден број на гледачи на Twitch и со тоа практично демонстрираше како ќе изгледа иднината на забавата. Ако разговарате со било кој гејмер, ќе ви ги наведе следниве точки како клучни:

  • Да има стрим во живо, за да има можност за интеракција со стримерот. Тоа се постигнува со коментари
  • На истиот начин, се поврзувате со заедницата. Одеднаш се’ што правите добива поголемо значење, оти целата заедница ги користи истите термини, ги дели истите цели и ги минува истите проблеми при играње
  • Имате можност да играте со пријатели, но и да запознавате други луѓе кои делат иста пасија како вас. Неверојатно е што се имаме со Интернетот
  • Креирање на уникатна содржина. Мора да бидете навистина интересен за да освоите публика. Не дека ова посебно важи за гејмингот, ама навистина е поинаку кога најголем дел од работите ги правите во живо

Ги имате сите елементи: друштвен момент, адреналин при играње, интерактивна интеракција со вашиот идол и што ли уште не. Разговарајте со било кој гејмер кој ги следи овие работи и ќе видите колку многу му значи ваквиот начин на поврзување и комуницирање. Плус, да не заборавиме, ваквите платформи се во гооолема мера ослободени од политика и слични теми кои не’ одвлекуваат од социјалните мрежи и според мене тоа е голем плус.

Просто е луѓе. Ова е иднината на забавата. Ова е новото реално шоу, новиот телевизор. Ова е конкурентската средина на која чекаа луѓето. Тоа ги придвижува, ги инспирира, ова е привлечно и забавно и токму тука се освојува голем дел од пазарот.

Па, маркетери, учете. Вие сте на потег.

Претходна статијаВо Скопје одржан првиот Иновативен форум – „Со иновација до здрава нација“
Следна статијаSamsung Galaxy Note 9 ќе биде претставен на 9-ти август?