Nvidia

GeForce Now е еден од најдобрите и најкорисни сервиси кои се достапни кога се во прашање компјутерските игри. Потребата од купување или составување на гејминг машина со најновите компоненти за да може да се играат игрите на нивните најсилни сетирања, веќе нема да биде потребно, дури ќе биде нелогично и непотребно трошење на пари.

Цела процесирачка и графичка моќ е поставена на серверите на Nvidia, во овој случај, па корисникот се што треба да се погрижи е да има добра интернет конекција, а во денешно време со оптичкиот интернет, тоа не е проблем.

Ова исто така им овозможува на корисниците на macOS и Linux да можат да ги играат големиот број на PC игри, без потреба од користење на познатите „workarounds“ кои сепак реално не се доволно добри.

Беше најавено, а од оваа недела и почнува да се реализира. GeForce Now стана достапен на Android, а апликацијата е достапна во Play Store. Истата моментално им е достапна само на корисниците од Кореа, па ќе треба да се причека Nvidia да реши да ја пушти за сите. Во меѓувреме, тие што имаат GeForce Now сметка, можат да ја симнат апликацијата, односно apk од истата и да ја инсталираат.

Во основа, со GeForce Now за Android, телефоните ќе станат вистински гејминг уреди, па со купување на посебен контролер, повеќето игри го бараат тоа, ќе може да се игра било каде и во било какви услови.

Во продолжение видео од тоа како изгледа и како се користи апликацијата, а на овој линк има и одличен тест на истата од страна на XDA Developers.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.