Една од најлегендарните игри кои вечно ќе останат во сеќавањето на децата од ’90тите Crash Badnicoot се враќа на сцената. Играта која одбележа многу детства и беше предмет на расправии помеѓу многу браќа и сестри родени во 80тите и 90тите години ќе добие уште едно продолжение.

Откако еднаш веќе доживеа remaster и се продаде во неверојатни 2,5 милиони примероци, компанијата која ги купи правата најавува уште едно продолжение за 2019-та година. Компанијата Activision планира уште едно продолжение на легендарниот серијал, но и понатамошен развој на франшизата во период од 5 години.

Crash Bandicoot N. Sane Trilogy забележа одличен успех своевремено. Таквиот факт е веројатно и главната причина за повторно навраќање и доразвивање на приказната. Меѓутоа, тоа не е единствената новина која Activision ја подготвува. Имено, се подготвува „офанзива“ и на другите играчки платформи. Тука на прво место се мисли на PC и Nintendo Switch, а ваквите планови се врзуваат со 2018-та година. Ако е за верување на гласините тогаш нѐ очекува одличен период на ретро gaming.

ИЗВОРDigital Trends
ИЗВОР 2ResetEra
Претходна статијаЕколошки материјал кој не задржува дамки и мириси? Каде треба да платиме?
Следна статијаВетеринари во Калифорнија лекувале изгореници на мечки со помош за еден необичен фластер