12 години по промоцијата на играта која ги постави стандардите во рамки на real time strategy жанрот, Age of Empires III, Microsoft ветува враќање на голема врата, со нејзиното наредно, четврто продолжение.

Официјалниот промотивен трејлер беше претставен во понеделникот на саемот на Gamescom кој се одржува во Келн, Германија. Според официјалните наводи, играта е сѐ уште во фаза на развој и разработка, меѓутоа штом ѝ е претставена на јавноста, фановите нема уште долго да чекаат истата да се појави на „рафтовите“ на он-лајн маркетите.

Видеото кое го презентираа од Microsoft не открива никакви детали во насока на квалитетот на графиката, сторијата која ќе ја опфаќа или било каков друг детал за кој е жедна гејмерската публика, меѓутоа, знаејќи ја величината на нејзиниот претходник, слободно може да се очекува нешто комплетно ново и револуционерно, а сепак во рамки на првобитниот real time strategy жанр.

Она што особено дава гаранција за успех на новото продолжение е соработката на Microsoft со компанијата Relic Entertainment, која зад себе има оставено некои од најдобрите историски стратегии.

Извор: Cnet, The Verge

Претходна статијаSamsung ќе лансира и поевтина верзија на Galaxy Note 8, додека Note 7 корисниците ќе добијат огромен попуст
Следна статијаGoogle Pixel 2 смартфоните ќе бидат лансирани на 5 октомври?