Во денешно време поголемиот дел од луѓето денот го поминуваат седејќи на маса, најчесто пред компјутер. Дали се работи за седење на работното место, дома или на некоја друга локација, седењето е нешто што се прави во се поголем дел од денот. Многу истражувања ја покажуваат штетноста од долгото седење, па дури и се поврзува со голем број на болести, а штетноста се става во категорија со цигарите.

Оваа работна маса е направена со цел да ви помогне да не го поминете цел ден додека работите седнати на масата. Стоењето додека работите исто така може да придонесе за зголемување на концентрацијата и ефикасноста при работењето, а притоа да изгубите и по некоја додатна калорија. Работната маса е направена од Stir Inc. и е наречена Kinetic Desk.

Kinetic Desk функционира на тој начин што со притискање на копче, масата се подига и вие продолжувате да работите во стоечка позиција. Кога сакате пак да седнете повторно само го притискате копчето. Копчето е единствено на масата и покрај истото масата има и 4,3 инчен екран на допир. Со притискање на екранот ги прилагодувате позициите на седење и стоење што ви одговараат, за потоа со притискање на копчето само ги менувате. Kinetic Desk исто така има и топлински сензор кој забележува кога сте дојдени до масата, па ја започнува програмата, која сами можете да ја прилагодите со избирање на вкупното време во денот што би сакале да го поминете стоејќи. Наместо секогаш да притискате кога сакате да стоите или седите, масата има и Active mode, кој што учи колку во денот поминувате стоејќи и седејќи, па според тоа и ве потсетува дека е време да ја смените позицијата со суптилно мрдање нагоре и надоле, без притоа да ви смета во работата. Дали ќе го прифатите предлогот останува на вас. Kinetic Desk следи колку време поминувате стоејќи, па може и да проверите колку калории повеќе имате потрошено отколку да сте го поминале денот седејќи.

stirdesk-touchscreen

Kinetic Desk е направена во основа од тврдо дрво, со избор на начинот на обложување на површината. Димензиите се 148.6 x 75 cm, со можност за прилагодување на висината од 63.5 cm до 129.5 cm. На задната страна се наоѓаат два отвори со приклучоци за струја и USB.

Stir Kinetic Desk ќе биде достапна од почетокот на 2014 година и ќе чини $3,890 долари.

Претходна статијаLG лансираше 2 нови Ultra-Wide монитори
Следна статијаNasa се подготвува да испрати 3D принтер како дел од вселенските мисии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.