Мерењето на крвен притисок е прилично едноставна работа и денес на пазарот има најразлични типови на апарати кои можат да го направат тоа. Сепак, има многу луѓе кои супер често го мерат притисокот (како на пример при секоја болка во главата) и за нив, нели би било најдобро да има уред кој без прекин ќе ги следи промените во крвниот притисок и притоа ќе може да ги извести за превисок или пренизок притисок?

Нова патент од Apple, во кој е вклучен Apple Watch, покажува дека за ова може да се користи токму паметниот часовник на компанијата. Како работи? Apple Watch нема сензори кои можат да мерат притисок во крвта и затоа Apple станал инвентивен во начинот како да го направи тоа. Имено, за мерење ќе е потребно корисникот да носи мерач на пулсот на градите, покрај часовникот и потоа специјален алгоритам, ќе смета колку време поминува од пулсот (отчукувањето на срцето) од градите до моментот кога часовникот ќе го слушне истиот пулс на раката.

На овој начин, Apple Watch може лесно да пресмета колкав е крвниот притисок, секако се додека се поврзани со мерачот ставен на градите. Ова е нов начин на мерење – досегашните мерачи, дури и оние дигиталните, ја стегаат раката и следат кога се слуша пулсот, односно на кој притисок на стегање. Доброто кај Apple Watch е што може константно да го следи притисокот во крвта и доколку има екстреми, да го извести корисникот за да преземе нешто, бидејќи високиот крвен притисок на пример многу често се поврзува со срцев удар.

Овој патент сепак не очекувајте многу брзо да пристигне како апликација во вашиот Apple Watch. За тоа, треба одобрение од државните институции, а за уреди кои го следат здравјето на човекот, вакви одобренија е многу тешко да се добијат. Сепак, патентот дава надеж дека во иднина многу попрецизно ќе следиме како работат нашите организми, само со користење на паметните уреди кои ги имаме околу нас.

Извор: 9 to 5 Mac, Patently Apple, IBT

Претходна статијаGoogle Pixelbook е лаптоп/таблет од високата класа со Chrome OS и Android апликации
Следна статијаPixel Buds се нови безжични Bluetooth слушалки од Google, можат да преведуваат во реално време