Воденото ладење е желба на секој ентузијаст за компјутери поготово ако се во прашање врвни компоненти кои би извадиле подобри перформанси ако се држат на поубава температура од воздушно ладење. Големите предности кај воденото ладење се поубавите перформанси, потивка конфигурација и поубава естетика, додека недостаток е цената на деловите.

Thermaltake се подолг период во производство на компоненти за водено ладење кое има безброј комбинации на делови. Фитинзите како едни од клучните делови кои ги прицврстуваат цефките за плочките, резервоарите или пумпите се еден од доста привлечните естетски делови, а Thermaltake претставија фитинзи со RGB лед имплементирани кои ги осветлуваат самите цефки што естетски ги прави уште попривлечни кофигурациите со водено ладење. Моментално фитинзите кои се претставени се стандардните со навој за плочка од 1/4”, но само за тврди цефки со внатрешен и надворешен дијаметар од 12/16 милиметри. Фитинзите имаат спектар од 256 бои кои се менуваат или една боја кои ја осветлуваат самата цефка, а со контролерот кој доаѓа со фитинзите можете да контролирате како да светат.

Фитинзите можат да се купат директно од Thermaltake и одат само во пакување од 6 со контролерот по цена од околу 80 американски долари. Thermaltake го прават склопувањето на конфиуграција со водено ладење уште поинтересно што би привлекло внимание на многу ентузијасти и љубители на уметноста на овие системи.

Извор: Tom’s Hardware, Thermaltake, Celebral-Overload

Претходна статијаSamsung батерија за електрични возила со капацитет за 500 км и 20 минутно полнење
Следна статијаОва е новиот “Project Neon” дизајн на Windows 10