Повеќето од нас сигурно мислат дека со се’ поголемата популарност на мобилните уреди, телевизорите полека ќе отидат во историјата. Нив во главно ги користат постарите кои така се имаат научено одамна.

Сепак, доколку се земе во предвид истражувањето спроведено на корисниците во САД од страна на Nielsen, телевизорите се далеку од историјата.

Нивното истражување направено за последната четвртина од минатата година, покажува дека возрасните корисници, односно тие со 18 години и повеќе, се’ уште го користат телевизорот како главниот уред на којшто ја гледаат својата видео содржина.

Дури 82,1% од испитаниците одговориле дека видео содржината ја гледаат на телевизори, односно не како што сите очекуваме на лаптоп, таблет или мобилен.

Кога на овој процент ќе се додадат и 10,3% кои видео содржината ја гледаат преку некој уред поврзан на телевизор, како што се играчките конзоли, на пример, процентот на корисници кои ја гледаат својата видео содржина на телевизор достигнува повеќе од 92%.

Кога подобро ќе размислиме, оваа информација воопшто не треба да не изненади. Иако сите од нас во денешно време имаме смартфони, сепак кога се работи за гледање на некој филм или серија, нема подобар уред од стариот добар телевизор.

Овој факт го докажуваат и производителите кои активно вадат нови модели секоја година со одредени подобрувања и нови функции.

Извор: Engadget, Nielsen

Претходна статијаЕнди Рубин, еден од креаторите на Android, ќе го претстави својот смартфон на 30ти мај?
Следна статијаGalaxy Feel е релативно мал смартфон со солидни перформанси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.