01_Samsung_4K_Entertainment_HW-K950

Новите HW-K950 Soundbar звучници наскоро на европскиот пазар

Скопје, 31. август 2016. –  Компанијата Самсунг (Samsung), водечки произведувач на уредите за домашна забава, на саемот на IFA 2016 најави дека ќе ги пушти во продажба своите HW-K950 Саундбар (Soundbar) звучници со Долби Атмос (Dolby Atmos®) технологија на европскиот пазар. Самсунг исто така ќе претстави унапредена верзија на својата Мултирум (Multiroom) апликација за мобилни телефони. Оваа апликација се поврзува со звучници, нудејќи поедноставен начин на уживање во реалистичниот звук кој ја исполнува целата просторија.

Опремен со 5.1.4 каналниот систем, HW-K950 Саундбар (Soundbar) е составен од вкупно 15 звучника, вклучувајќи главен комплет, задни звучници и сабвуфер (subwoofer).Технологијата на проектирање на звукот по висина, со која се одликуваат овие звучници, е наменета да произведе реалистична аудио содржина и да ги насочува звучните бранови кон таванот и хоризонтално кон целата просторија.

Со нашиот HW-K950 Soundbar систем кој поддржува безжичен систем на озвучување и кој се одликува со Dolby Atmos® технологијата, Samsung им носи на потрошувачите врвно аудио искуство. Горди сме што можеме на нашите корисници да им понудиме комплетно уживање во 4К забава со комбинирање на озвучување со HW-K590 Soundbar систем, врвniot квалитет на сликата на SUHD TV уред со Квантум Дот (Quantum Dot) технологија на екранот и најнови содржини кои се достапни преку нашиот Ultra HD Blu-ray player (UBD-K8500).” изјави Јурак Че (Jurak Ce), Постар Заменик-Претседател на Одделение за екрани во компанијата Самсунг.

Овој систем на звучници е проектиран да биде едноставен за употреба. Слушателите можат да го контролираат звукот со помош на Самсунг Мултирум апликацијата на своите паметни телефони или таблети. Со цел обезбедување на непречено уживање во звучните содржини, дојдовните повици или аларми нема да ја прекинуваат аудио содржината.

Унапредената Мултирум апликација се одликува и со едноставен интуитивен интерфејс кој им овозможува на потрошувачите брзо и лесно да ги пребараат своите омилени функции и содржини. Со оваа апликација корисниците можат да и пристапат на музиката од сите извори, вклучувајќи ги и снимените музички листи и нивните омилени сервиси за директно пуштање музика од мрежата (streaming).

Вo 2016 година Самсунг беше водечки производител на Саундбар (Soundbar)  системот и завзема повеќе од 24 проценти од вкупниот удел на пазарот. Оваа компанија ќе изложи свој систем за комплетно уживање во 4К забавните содржини во рамките на големата изложба на саемот на IFA 2016, кој е најголем саем на потрошувачка електроника во Европа.

Штандот на Самсунг на саемот ќе биде на 2 кат во халата на Сити Кјуб (City Cube) во Берлин, од 2. до 7. септември за време на IFA 2016

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd

Samsung Electronics го инспирира светот и ја обликува иднината со своите иновативни идеи и технологии. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, принтерите, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. Исто така, Samsung e лидер во „Internet of Things“ просторот, меѓу другото и со иницијативите „Паметен Дом“ (Smart Home) и „Дигитално Здравје“ (Digital Health). Секојдневен придонес во оваа Компанија, даваат 307.000 вработени луѓе ширум светот, за кои се издвојува плата во висина од 196 билиони американски долари на годишно ниво. За да дознаете повеќе за Samsung и се ново во врска со компанијата, посетете ја официјалната веб страна www.samsung.com или официјалниот блог global.samsungtomorrow.com

Претходна статијаSamsung Scoop е супер мал Bluetooth звучник со вграден „дигитален асистент“
Следна статијаBLU Pure XR е достапен смартфон со високи спецификации и 3D Touch