05_Family Hub_Detail_Black

Наменет да воведе ново дефинирање на модерните кујни, новиот европски модел има замрзнувач во долниот дел, кој повеќе одговара на желбите на потрошувачите во Европа

Берлин/Скопје, 30. август 2016. – Самсунг (Samsung) објави дека европското издание на популарниот модел на ладилник Family Hub ќе биде претставено на саемот IFA 2016 во Берлин. Новиот уред со две врати има ладилник во горниот, а замрзнувач во долниот дел – конфигурација која повеќе одговара на вкусот на потрошувачите ширум Европа.

Како и оригиналниот Family Hub, европското издание ја има уникатната технологија на Самсунг на двојно ладење – Twin Cooling PlusTM, која поединечно ги лади ладилникот и замрзнувачот со помош на два засебни испарувачи, оддржувајќи ја температурата и влажноста на оптимално ниво за чување на храна. Family Hub ладилникот исто така може да се пофали и со технологијата за прецизно ладење под името Precise Chef CoolingTM која овозможува одржување на температурата со многу мала флуктација од само ± 0,5 степени. Заедно, овие две технологии им помагаат на корисниците да ја сочуваат свежината на намирниците при оптимална температура во најголема можна мера, без мешање на мирисот помеѓу ладилникот и замрзнувачот.

Камерите кои ја снимаат внатрешноста на ладилникот ја сликаат неговата содржина секогаш кога ќе се затвори вратата. Корисниците лесно може да видат што имаат во ладилникот во било кој момент и од било која локација со помош на својот паметен телефон. Сопствениците на овој модел исто така може да го следат и рокот на траење на продуктите внесувајќи го бројот на денови кои останале до истекот на нивната трајност. Овој број потоа автоматски се намалува, а детални информации може да се видат на екранот чувствителен на допир без отворање на ладилникот, преку апликацијата потсетник за намирници – Food Reminder.

03_Family Hub_Dynamic_Silver

Потрошувачите сега може лесно да ја извршат набавката на намирници со купување преку интернет. Самсунг стана партнер со различни сервиси за купување на намирници преку интернет од целиот регион, како што се Eataly, Supermercato24, и coop@home во Европа. Сопствениците на Family Hub моделот исто така може да пристапат кон ексклузивните рецепти за членовите на Самсунг клубот на врвни готвачи „Club des Chefs“, како и илјада рецепти од глобалните партнери како All Recepies, најчесто превземаната апликација за рецепти на светот Whisk и CHEFKOCH.DE.

Прицврстен на вратата на европскиот модел на Family Hub се наоѓа екран чувствителен на допир со дијагонала од 21,5 инчи кој може да служи како интерактивна „пиши-бриши“ табла за целото семејство. Со помош на апликацијата Smart Home на Самсунг за паметен дом, членовите на семејството може да споделуваат слики и пораки во реално време, без разлика на тоа каде се наоѓаат. Корисниците исто така може да ги синхронизираат своите календари од паметните телефони и да го споделат својот распоред со дневни обврски со користење на апликацијата Sticki.

Со оглед на тоа дека кујната претставува срце на домот и место за собирање на сите членови на семејството, Family Hub ладилникот на Самсунг совршено одговара и за моментите кога поширокото семејство и пријателите ќе пристигнат на гости. Ладилникот нуди опција да ја прикаже содржината која се прикажува на телевизија и да пушта музика преку својот вграден звучник. Family Hub е модел со кој Самсунг воведува нова дефиниција во употребата на кујната. Со улогата во припремата и чувањето на храната, Family Hub може да служи и како алатка за комуникација помеѓу членовите на семејството, за забава и услуги од доменот на паметните домови. Со овие функции ладилникот Family Hub ја трансформира кујната во идеален простор за семејни дружења.

“Го дизајниравме Family Hub ладилникот според потребите на семејствата и модерните домаќинства во Европа. Со воведување на ненадминлива технологија и со функцијата на поврзување, која суштински се вклопува во начинот на живот низ Европа, имаме намера да ја задржиме својата лидерска позиција на европскиот пазар за ладилници.“, изјави Су Бјунг-Сам (Su Bjung-Sam), Шеф на Дивизија за дигитални уреди за домаќинство во компанијата Самсунг.

Штандот на компанијата Самсунг ќе биде отворен на ниво 2 во City Cube халата во Берлин од 2. до 7. Септември, за времетраење на саемот IFA 2016.

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics го инспирира светот и ја обликува иднината со своите иновативни идеи и технологии. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, принтерите, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. Исто така, Samsung e лидер во „Internet of Things“ просторот, меѓу другото и со иницијативите „Паметен Дом“ (Smart Home) и „Дигитално Здравје“ (Digital Health). Секојдневен придонес во оваа Компанија, даваат 307.000 вработени луѓе ширум светот, за кои се издвојува плата во висина од 196 билиони американски долари на годишно ниво. За да дознаете повеќе за Samsung и се ново во врска со компанијата, посетете ја официјалната веб страна www.samsung.com или официјалниот блог global.samsungtomorrow.com

Претходна статијаApple ќе треба да плати дури 13 милијарди евра за заостанати даноци во Ирска
Следна статијаSamsung Scoop е супер мал Bluetooth звучник со вграден „дигитален асистент“