Samsung
Фото: Samsung

Samsung
Фото: Samsung

Корејскиот гигант Samsung го претстави новиот чип Exynos 9810. Се работи за последното остварување на компанијата на полетот на чипови за процесирање. Exynos со сигурност ќе се најде вграден во некој од новите модели на смартфони кои допрва ќе бидат конструирани.

Чипот се одликува со процесор од третата генерација, способен да процесира видео материјали со 4К квалитет при 120fps. Процесорот е 8-јадрен, поделени во два кластери. Едниот кластер е наменет за максимални перформанси и работи на фреквенција од 2,90GHz. Другата половина се „штедливи“ јадра.

Благодарение на подобрувањата во дизајнот и зголемената кеш меморија, јадрата на овој процесор нудат дури 2 пати подобри перформанси. Севкупно чипот покажува 40% подобри перформанси од својот претходник. Од Samsung очекуваат способностите на Exynos да направат крупен исчекор во совладувањето нови алгоритми. Практично тоа најмногу ќе се покаже при препознавањето на лица или конкретни предмети на фотографии. Од компанијата се надеваат дека чипот ќе успее да изврши „хибридна детекција на лик“, односно 3Д скенирање.

Процесор со ваков капацитет ќе направи подобрување на голем број аспекти на уредот во кој ќе се најде. Тој ќе овозможи брзо процесирање на фотографии од голем формат, полесно стабилизирање и поквалитетна фотографија при слабо светло. Уредот кој ќе поседува ваков чип ќе може да снима со квалитет од 4К при 120fps. Понатаму, чипсетот е опремен и со 18 LTE модем кој овозможува проток на информации со капацитет од 1,2Gbps.

Exynos во моментов е во фаза на масовно производство. Па, се поизвесно станува дека истиот ќе биде мозокот на Galaxy S9 и S9+.

Извори: AndroidCentral, The Verge

Претходна статијаАпликации со кои ќе станете најдобра верзија на себеси
Следна статијаLG комплетно ќе ја ребрендира серијата G