Quartz
Фото: Clearly Quartz

Ќе се сложите, миењето садови е една од најнепосакуваните домашни обврски.

Одржувањето на хигиената на садовите во кои се чува храната и пијалоците можеби е досадна, но е особено важна работа. Бројни истражувања покажуваат дека особено шишињата за вода или пластичните чаши за кафе се „дом“ на илјадници бактерии. Замислете кога тие би можеле самите да се дезинфицираат?

Quartz
Фото: CNet

Токму таков изум беше претставен на CES кој се одржува во Лас Вегас, Невада. Паметното шише за вода Quartz ги неутрализира бактериите со помош на ултра виолетова светлина. На тој начин ја одржува сопствената хигиена и ја држи водата чиста. Quartz има капацитет од половина литар, а процесот на чистење се случува автоматски, на секој 4 часа. UV светилката е сместена во капачето, а со едно полнење таа може да биде во функција до 3 месеци.

Двојната облога на шишето нуди можност течноста во него да биде задржана ладна цели 24 часа. Од друга страна, топла течност, ќе ја задржи својата температура половина од тоа време. Цената на ова задоволство ќе се движи околу 100 американски долари.

Извори: CNet, CelarlyQuartz

Претходна статијаСамсунг паметните ТВ уреди 2018 се првите телевизори од индустријата кои добија сертификат за зголемена безбедност
Следна статијаSamsung ќе ги претстави новите Galaxy S9 модели идниот месец на MWC 2018