touch-2-100686486-primary

Најпопуларниот VR уред за гејмерите во моментов се управува со стандарден XBOX џојстик, што секако не е воопшто идеално, бидејќи не го внесува играчот доволно во виртуелната околина. Затоа, Oculus конечно ги претстави Touch VR контролерите, кои ќе овозможат многу поатрактивно искуство, но ќе чинат многу високи 199 долари.

Touch VR можеби ќе овозможи со движењето на рацете да ги движите и објектите во играта, како на пример пиштолот или какво и да е друго оружје, но факт е дека цената е превисока и дека и натаму ќе биде големо ограничување за стандардниот корисник. За оние кои немаат купено Rift, има малку поповолна понуда Rift plus Touch, која доаѓа заедно со контролерите и чини 800 долари.

rift-promo-image-copy

Исто така, со новите контролери играчот и натаму нема да може премногу да се движи во собата, бидејќи Rift нема начин да го предупреди за некоја препрека. Oculus има решение за тоа, но тој дополнителен сензор чини дополнителни 79 долари, што додава на и така многу високата цена на уредот. Сите овие можности се стандардни во HTC Vive и тие сега дефинитивно ја оправдуваат повисоката цена во однос на Rift.

Добра вест е дека компјутерот на кој играчот ќе треба да го поврзе својот Oculus Rift сега нема да треба да биде толку моќен. За разлика од порано, Rift сега може да работи и на Core i3 6100 процесор и AMD GTX960 графика, а според Oculus, AMD веќе има подготвено компјутер кој ќе може да функционира со очилата а чини само 500 долари.

Ова е постигнато благодарение на Asynchronous Spacewarp технологијата, која функционира со 45 слики во секунда, но на уредот и натаму му овозможува гледање на играчот со 90 слики во секунда. За ова, уредот става дополнителни синтетички фрејмови измеѓу вистинските, што може да донесе до многу грешки и артефакти во сликата, но да се надеваме дека Oculus добро го решил ова.

Извор: Windows Central, Tech Crunch, PC World

Претходна статијаGoogle претстави нов фонт кој треба да работи со сите јазици
Следна статијаCoship бара средства од заедницата за производство на Windows телефон