Philips Hue на тековниот CES претставува апликација која ќе им овозможи на нивните LED сијалички кои ја менуваат својата боја да се синхронизираат со филмот, музиката или играта која ја играте.
Philips Hue е ќерка компанија на познатата технолошка компанија Philips, формирана во 2012-та година. Тие се занимаваат со изработка на LED сијалици, меѓу кои и такви кои ја менуваат својата боја.
Апликацијата која е претставена на CES ќе излезе во текот на втората половина на годинава. Со неа корисникот ќе може да го синхронизира звукот и амбиентот од филмовите, музиката или игрите, со осветлувањето кое го нудат Hue сијаличките.
Here’s a sneak peak at what Hue Entertainment will look like — Ry Crist (@rycrist) January 10, 2018
Апликацијата ќе биде достапна речиси за сите платформи. За сега, сигурно е дека ќе постои за Windows 10 и Mac оперативните системи, а голема е веројатноста паралелно да се појави и за Android и iOS. Покрај синхронизирање со атмосферата, паметните сијалички ќе понудат и опција за зачувување на одредени подесувања на осветлување.
Следен чекор на компанијата е да произведе линија наменета за улично осветлување. Од таму не откриваат речиси никакви детали, меѓутоа јасно е дека примарно ќе се цели кон сегментот на безбедност.