nvidia_xavier_soc-100684825-large

Наредната година Nvidia треба да ја претстави новата “Volta” генерација на графички картички, која за разлика од овогодинешнава “Pascal” која беше насочена кон десктоп и лаптоп компјутерите, ќе биде пред сѐ насочена кон автономните возила и зголемување на нивната безбедност.

Nvidia Volta ќе биде дел од Xavier супер компјутерот, кој би требало да се вградува во наредната генерација на автономни возила и кој ќе има компјутерска моќ од неверојатни 20 трилиони операции во секунда со потрошувачка на енергија од само 20 вати. Ова ќе биде исклучително моќен компјутер, кој ќе му овозможи на автомобилот лесно препознавање на околината, но и целосно анализирање на ситуациите во сообраќајот во реално време.

Со овој компјутер, автономните возила ќе бидат многу поспособни во ситуациите кога компјутерот треба да одлучи на која страна да го сврти автомобилот во случај на неколку препреки на патот, како на пример возило на едната и пешак на другата страна. Според Nvidia, автономните возила со овој компјутер ќе бидат многу побезбедни и компјутерот може да биде „истрениран“ и за ситуации во кои досега не функционираа автономните возила, како во случај на снег на патот, каде не се гледаат лентите.

Во срцето на Xavier компјутерот ќе се наоѓа Nvidia Volta графичка со дури 512 јадра, која ќе биде најмоќната графичка во светот. Според Nvidia, таа е способна за снимање на двојно 8K HDR видео, што значи дека од неа може да очекуваме голем скок во перформансите и за останатите купувачи, како на пример гејмерите.

Volta идната година ќе биде дел и од многу супер компјутери, како “U.S. Department of Energy’s Summit”, каде ќе биде придружена од Power9 чиповите на IBM. Volta тука ќе биде поврзана реку NVLink 2.0, кој е 7-10 пати побрз во трансферот на податоци од моментално користениот PCI Express.

Извор: PC World, WCCF Tech, Forbes

Претходна статијаНаредниот iPhone ќе се вика “iPhone 8”?
Следна статијаHuawei Mate 9 ќе биде претставен на 3-ти ноември