LGUW

LG Electronics лансираше два нови “UltraWide” 21:9 LED монитори дизајнирани да понудат ефикасен мултитаскинг и одлично гејминг искуство. Моделите EA73 и LN450W користат напредна IPS (In-Plane Switching) технологија и се со 2560×1080 резолуција што придонесува за исклучителен квалитет на сликата.

Мултитаскинг и мултимедијалните способности на новите UltraWide монитори ги прават идеални за различни намени како што се играње игри, гледање филмови и извршување на секојдневните задачи. Во прилог на уникатниот 21:9 аспект се и 29-инчните екрани, особено популарни кај гејмерите, а исто така мониторите доаѓаат и со софтвер дизајниран да им помогне на корисниците полесно да менаџираат со повеќе прозорци.

Split Screen опцијата им овозможува на корисниците да го поделат екранот во четири секции и осум различни аспекти, така што ќе можат автоматски да ги подредуваат прозорците по големина и локација со неколку кликнувања на маусот, наместо рачно да ја менуваат големината и локацијата на секој прозорец посебно. Исто така, Dual-Link Up функцијата овозможува на мониторот истовремено да се поврзат два уреди, со тоа што содржината на секој од нив ќе биде прикажана паралелно на посебен дел од мониторот.

Мониторите се компатибилни со Mac компјутерите на Apple и доаѓаат со MHL (Mobile High-Definition Link), HDMI и DisplayPort конектори, што овозможува поддршка за широк опсег на уреди. IPS технологијата која ја користат екраните овозможува прецизна репродукција на боите. Истите прикажуваат 99% од sRGB спектарот и имаат можност за дополнителна калибрација.

LN450W моделот доаѓа со вграден дигитален ТВ тјунер и можност за поврзување со set-top box. Двата модела имаат вградени 7W звучници.

EA73 и LN450W моделите ќе се подаваат по цена од 599.99$ и 649.99$, респективно.

Претходна статијаAMD ги објави Catalyst 13.9 WHQL и Catalyst 13.10 Beta драјверите
Следна статијаРаботна маса што ќе ви помогне да вежбате